Финасиската полиција и УЈП ќе го испитуваат работењето на МПМ

од Vladimir Zorba
Финансиската полиција ќе влезе во Медиа принт Македонија. Ќе го испитува работењето на компанијата, откако вчера отпуштените новинари од Вест, Утрински и ТЕА Модерна од неа побараа  да регаира по допрен глас и да ги провери сите финансиски трансакции.  

„Согласно законските надлежности, врз основа на допрен глас ќе отвориме предмет за што веднаш ќе биде известен надлежен јавен обвинител, кој ќе биде надлежен за раководење на понатамошната псотапка. Секој правен субјект или поединец кој располага со каков било доказ за сторен финасики криминал, истиот може да го достави до финасиката полиција  или до надлежното обвинителство“, објави Телма.

Барањата на новинарите ќе се најдат и пред даночниците. Случајот ќе го испитува и Управата за јавни приходи.

„УЈП е запознаена со барањата на новинарите на МПМ, односно претставката пристигната на адреса на Управата во врска со овој случај ќе биде разгледана. Како и во сите случаи на пријави или претставки, УЈП ќе постапи согласно своите надлежности или во крајна линија ќе бидат информирани надлежни органи за постапување“, истакнаа од управата за јавни приходи.

Oтпуштените новинари  се сомневаат дека раководството склучувало штетни договори со цел финасиски да ја ослабнат фирмата и да стават клуч на медиумите. Велат, простор за сомнежи остава и тоа што никој досега не ги демантирал инфомациите дека поранешната управителка Јана Станисављева земала плата од 25.000 евра.

Зад отпуштените 120-мина од ВЕСТ, Утрински и ТЕА Модерна застана и Синдикатот на новинарите. Со кривична пријава против непознат сторител ќе бара одговорност и одговори кој го турка МПМ како што велат, во лажен стечај. Новинарите прашуваат што ќе се случува со нив, бидејќи веќе 10 дена се и без здравствено осигурување. Ништо досега не им е официјално соопштено од раководството на МПМ. Не добиле никаков документ, освен усни информации од кадровските служби повеќе да не доаѓаат на работа. /Телма.

Слични содржини