ФОТО: Автобус со Македонци се судри во Австрија

од desk2

Едно лице загина, а неколкумина се повредени во сообраќајна несреќа во која автобус со патници од Македонија се судри со автомобил. Несреќата се случила во Австрија во близина на градот Шлирбах.

Веста ја пренесе австрискиот портал Orf, објавувајќи дека меѓу 28 – те патници во автобусот, кои од Германија се враќале кон Македонија, полесно е повреден само возачот. По несреќата тие го продолжиле патот кон Македонија со друг автобус.

Според локалните медиуми, во сообраќајката загинал сопатникот во автомобилот, 25-годишен маж, возачот е тешко повреден, а полесно се повредени уште три лица. Според првичните сознанија на полицијата, до несреќата дошло кога автомобилот преминал на спротивната коловозна лента и директно се судрил со автобусот.

Слични содржини