ФОТО: Ова е луксузниот стан на терористот од Манчестер

од desk3

Терористот Салман Абеди (22) изнајмил стан во Манчестер во кој го направил експлозивот со кој на 22 мај на концертот на американската звезда Аријана Гранде усмрити 22, а рани 59 лица.

 

Овој едноставен стан се наоѓа во центарот на градот и е опремен луксузно, вклучувајќи ТВ, Wi-Fi  и паркинг, пишува британксиот  “The Telegraph”. Цената за дневно сместување чини  75, a за една недела 350 фунти.

По откривањетео на живеалиштето на терористот, специјалци со голема доза на внимателност со контролирана експлозија ја разбиле вратата и влегле во станот кој се наоѓа на третиот спрат. 

 

Конторлираната експлозија  ги престрашила станарите на соседните стамбени објекти , кои помислиле дека станува збор за нов терористички напад. 

Како што пишува  “The Telegraph”, соседите на Абеди приметиле дека се зачестиле доаѓањата на различни луѓе во зградата кои со себе носеле пакети со непозната содржина.

David Foran,  сопственикот на зградата, кажа дека полицијата се обидела да дојде до снимките од видео надзорот кои покривале дел од улицата во кој се наоѓал изнајменито апартман.

Слични содржини