Gazeta Express (Косово): Претседателот Хашим Тачи се надева Србија да ja научила лекцијата по провокацијата со воз

од Vladimir Zorba

Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи преку порака на социјална мрежа изрази надеж дека Србија си ја научила лекцијата, кога станува збор за провокациите против Косово, пренесува косовскотоиздание Gazera Express.
Реакцијата на Тачи доаѓа откако во саботата српските власти пуштија воз со провокативни пораки, кој патувал кон Косово. Тоа ги принуди властите во Приштина да ја запрат композицијата да влезе на косовска територија.
“Се надевам дека се научени лекции од оваа провокација. Добрите соседи не се мешаат со екстремистички проекти, тие водат дијалог “, напиша косовскиот претседател.

Слични содржини