Ги паметам добро ликовите што протестираат за слобода на Сеад Кочан. И нивните багери…

од desk2

Овие ликови што протестираат за слобода на СЕАД КОЧАН ги паметам многу добро. Ги паметам добро и камионите и багерите нивни. Го паметам и 5 часот изутрина на 1 август 2011 година.

sefer-canoski

Истите овие ликови, заштитени од огромен број припадници на полициските сили влегоа во КОСМОС , како вработени во ТРАНСМЕТ на Сеад Кочан, компанија која беше ангажирана за рушењето од страна на општина Гази Баба, во исто така незаконски добиен тендер. Ние чекаме правда повеќе од 6 години.И со господ напред ќе ја дочекаме овде во Македонија.

Додека вие протестирате, вашиот газда ” правдата ” ја дочекува веројатно на некоја луксузна Јахта на отворено море , каде уз некоја шкампа и морска риба ужива и ги троши “чесно” заработените пари !

Можам само да ви кажам едно – АРАМ и срам да ви е !

Сефер Цаноски – Фејсбук статус

Слични содржини