Годишнината од Рамковниот договор го премисли Џафери-седница утре ќе нема

од desk2

Собранискиот спикер Талат Џафери се премисли-утрешната седница иако закажана,се одложи. Пратениците веќе добиле смс порака дека седницата планирана за утре се презакажува за в понеделник, јави 24 Вести.

Според неофицијалните информации од собранието,седницата се одложува поради активностите на дел од политичарите околу одбележувањето на утрешната годишнина од потпишувањето на рамковниот договор.

Опозицијата денеска побара да не се работи во текот на утрешниот ден,но Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата и им порача токму тие со бројните реплики на нивните говорници ја поставиле динамиката на работа на Собранието.

Собраниската сала денеска беше речиси полупразна, а атмосферата за разлика од вчера мирна./ТВ 24

Слични содржини