Градоначалникот на Лондон по пожарот:”Граѓаните се лути и загрижени”

од desk3

Меѓутоа неговата изјава е прекинувана со забелешки дека пожарот можел да биде спречен, а кога градоначалникот  најави истрага, насобраните му порачаа дека “веднаш треба да ја почне”. 

Лондонскиот градоначалник Садик Кан, рече дека граѓаните на западен Лондон се лути и загрижени по страшниот пожар кој го проголта дваесетчтворокатниот облакдер во кој според  моменталните извештаи загинале 17 луѓе но се трага по исчезнатите.

“Разбирливо, граѓаните се многу лути и загрижени”, кажа Кан по средбата со полицајците, пожарникарите и локалните жители во близина на изгорената кула.

Тој наведе дека слични блокови на згради во Лондон треба да бидат испитани од безбедносен аспект за да се смират граѓаните.
“Исто така треба да бидеме сигурни дека правдата ќе биде задоволена”, рече лондонскиот градоначалник.

“Не ни требаат оние што се ракуваат. Не ни требаат политичари”, викна еден од локалните жители додека Кан поминуваше низ многуте собрани граѓани.
 

Слични содржини