Груби закажа комисиска седница во парламентот за законот за јазици

од desk4

Комисијата за европски прашања утре во 11 часот ќе ја одржи шестата седница, на која единствена точка на дневен ред е предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање.

Оваа седница беше закажана за 22 ноември, Денот на албанската азбука, но претседателот на комисијата, Артан Груби, ја одложи, истакнувајќи дека тоа го сторил за да не се дефокусира јавноста од итните прашања.

На 20 ноември, еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во Скопје изјави дека овој закон не е приоритет за европската агенда на Македонија, но, сепак, повторно се враќа во собраниска процедура.

Слични содржини