Груевски повика на протест пред кривичниот суд

од desk2

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот профил на Фејсбук повикува на протест пред Основниот суд Скопје 1, по денешните апсења на лица од партијата.

„Повик до сите граѓани кои не се согласуваат со антидржавната политика на СДС да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот“, пишува Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ претходно најави протест пред Основен суд откако денеска беа приведени 36 лица, меѓу кои пратеници и функционери од опозицијата, за поврзаност со настаните на 27 април во Собранието.

Опозицијата ги повика симпаризерите на партијата и граѓаните кои не се согласуваат со политиката на власта да излезат на протест пред Судот во 13.30 часот.

Слични содржини