Вработувањата во странските компании во земјава одат добро и невработеноста се намалува. Само во јануари 400 нови лица се вработени во компаниите отворени од странските инвеститори, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на општина Чучер – Сандево.

gruevski3-670x607

–  Тоа е одличен почеток затоа што оваа година ќе се вработува и кај оние инвеститори кои веќе инвестирале во минатото, но и кај новите инвеститори коишто сега ги градат своите капацитети, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека во компаниите на  инвеститори  минатата година се вработиле 6.700 лица и изрази надеж дека годинава нивниот број ќе се зголеми.

– Имајќи го налетот на странските инвестиции што го направивме благодарение на новите политики што ги воведе Владата, се надевам ќе имаме уште поголем број на вработувања во компаниите со странски инвестиции затоа што доаѓаат нови инвеститори и затоа што старите инвеститори се задоволни и ги прошируваат своите капацитети. Некои, пак, коишто имале тригодишни планови сега ги дополнуваат своите капацитети согласно нивниот претходен план, посочи Груевски.

Слични содржини