ИЗБОРИ 2016:Кој каде ќе има митинг денеска?

од Vladimir Zorba
СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ денеска ќе одржат митинг во Ресен и во Битола, а ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Кратово, Пробиштип и во Крива Паланка.

Коалицијата за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз ќе има митинзи во Радовиш во 13 часот и во Конче во 17 часот, како и средби со граѓани во Делчево и Берово и со жителите во селата Дедино и Ракитец.  На митингот во Радовиш ќе се обратат Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз и Слободан Богоески, носител на четвртата изборна единица.

Шефот на Општинскиот изборен штаб на ДУИ во Тетово Џеват Адеми на прес-конференција во Тетово ќе го оцени досегашниот тек на предизборната кампања, ќе има средби со граѓани во Чаир, а митинг ќе одржи во Куманово вечерва од 19.30 часот.

ДПА ќе одржи митинг во Слатино, а коалицијата „Алијанса за Албанците“ во Струга.

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ во Изборната единица 1 Ден Дончев ќе има средби со граѓани во Аеродром од 12 часот и во Кисела Вода во 14 часот.

 

Слични содржини