Јилдирим: Турција нема да прифати курдска држава во Ирак

од Vladimir Zorba

Тој ги повика лидерите на ирачките Курди да се откажат од плановите за референдум за независност на автономниот регон Ирачки Курдистан, додавајќи дека се уште „не е премногу доцна да се откажат од оваа авантура“.

– Одлуката за референдум и неговото одржување е прашање поврзано со турската национална безбедност. Турција е решителна и нема да се колеба да ги оскористи своите права кои произлегуваат од меѓунардоните и билатералните договори поврзани со нејзината национална безбедност, изјави Јилдирим пред седницата на турскиот Совет за национална безбедност, на која ќе бидат разгледани мерките за притисок што ќе ги преземе Анкара, доколку ирачките Курди не се откажат од реферндумот предвиден за 25 септември.

Според турскиот премиер, Турција никогаш нема да прифати промени на сегашните статуси на Сирија или Ирак.

Референдумот за независност на Ирачки Курдистан ќе биде тема на расправа и на утрешната вонредна седница на турскиот Парламент, кој ќе решава и за доделување мандат на Вооружените сили на Турција да интервенираат во Сирија и Ирак.

Слични содржини