Шпанскиот уставен суд соопшти дека ќе казни 22 члена на изборната комисија која ќе го надгледува планираниот референдум за независност на Каталонија со парични казни до 12.000 евра дневно.

Судот навел дека казните ќе почнат да се применуваат од сабота ако членовите не почнат да ја почитуваат неговата одлука.за суспензија на референдумот кој е закажан за 1 октомври.

Седум членови ќе бидат казнети со 12.000 евра дневно, а 15 помошници со 6.000 евра дневно.

Слични содржини