Ќе се договорат за петиот член на ад хок телото!

од Vladimir Zorba

Досега не, ама ќе се договорат. ВМРО ДПМНЕ, само си ја тера кочничарската стратегија со девизата „ако проѓе проѓе“, правење нервоза во редовите на опозицијата , влечење и разбивање на ЗНМ преку меѓусебно плукање и подгревање на (не)единството ва оваа најстара медиумска опрганизација. Договор ќе има, само да се собере каков таков политички профит е целта на машинеријата. Купи ден продај ,што би се рекло за власта на заминување.

сефер даути

Од се ова засега целта е само да се девалвира уште непочнато тело  со  работи и посуштествена е сега да се исплука,  да не дојде  до поддршката на оваа ад хок тело,  за да  се добие  каков таков контролен механизам. Двете медиумски организации  сега се и индиректно на површина и си ги мерат влијанијата. МАН со своите фонтмени е во телото и тактички  молчи , додека лидерството на  ЗНМ се пресметува со своите членови, иако  за воља на висината само тие имаат свој претставник во ААВМУ, која патем нели сакаат да ја менуваат, затоа што била партизирана, ама не го повлекуваат својот член  од таа партизирана институција,  и му даваат легитимитет на тоа исто партизирано тело , а не му даваат легитимитет на Ад хок телото, кое треба да ја контролира таа партизирана агенција.

Договор за петтиот член на привременото тело за следење на медиумите за изборите може да се очекува најрано во понеделник, откако четворицата членови, предложени од партиите, неделава во неколку обиди не успеаја да постигнат консензус. Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, се договорија повторно да се сретнат во понеделник, оставајќи можност да се соберат и викендов во случај партиите да се договорат околу името на петтиот член, кој е предвидено да биде Албанец.
Од претходно е познато дека од предложените кандидати, во најтесниот круг се влезени Даут Даути и Сефер Тахири .

„Оптимисти сме, се надеваме дека секој момент може да има решение. Но, засега ситуацијата останува статус кво. Одлучивме седницата да продолжи во понеделник, иако останува можност, ако партиите постигнат компромис, да се собереме веднаш“, кажа Трпеноски по денешната средба на ад хок телото во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Како и да е членот ке биде избран , и покрај алчноста на власта да ги има под своие и Агенцијата и Ад хок телото кое „би требало“ да прави каква таква „контрола“. Викендов  ќе си продолжат  и опструкциите за истото преку нивните магафони, колку за доказ дека и со вакви никакви и незначителни измени , не се дозволува дебаланс  на медиумската контрола, и се тоа покажува дека медиумите се главната алка за останување или освојување на власта- сеедно.

Слични содржини