Киднаперите ветиле дека ќе ги пуштат децата и жените од египетскиот авион

20160329.rzfeovtisxПродолжува заложничката драма со патничкиот авион A-320 на “Авиокомпанијата “Egypt Air”, кој беше принуден да слета на аеродромот во Ларнака, Кипар. Според “Ел Балјд” терорист му се  заканил  на капетанот , екипажот и патниците дека ќе активира “појасот на смртта”, ако не бидат исполнети неговите барања

Капетанот на авионот единствено успеал да  им соопшти на диспечерите во Каиро дека машината е преземена од непознати досега терористи и ќе слета вонредна во Ларнака. Авионот се приземјил на кипарската аеродром кон 8,50 часот по локално време.

Според првичните податоци на авионот, кој летал на релација Александрија – Каиро, имало 82 лица, според други   55 патници и 7-член екипаж. Киднаперите се обврзале  да ги ослободат жените и децата.

Од компанијата”Egypt Air” засега одбиваат официјален коментар за заложничката  драма. Египетското Министерство за авијацијата потврдило за киднаппиран  авион.

Во моментов претставници на кипарските власти водат преговори со киднаперите

Слични содржини