Литванија гради ограда со Русија

од Vladimir Zorba

Литванија почна да гради ограда на границата со руската енклава во Калининград во обид да спречи криумчарење и илегална имиграција, како и да ги зајакне надворешните граници на ЕУ.

На церемонијалниот почеток на изградбата присуствуваше и министерот за внатрешни работи на Литванија, Елмутис Мисиунас.

Проектот подразбира и електронски системи за надзор и дронови. Се предвидува дека вкупните трошоци ќе изнесуваат 3,6 милиони евра и дека оградата ќе биде завршена до крајот на годинава.

Како што е соопштено, оградата со висина од два метри ќе се протега низ двата литвански округа, до реката Њемен, која претставува природна граница на земјата и Калининград./Мета

Слични содржини