Засојот на пржинскиот процес го доведува во прашање самиот процес. Сите форми на преговарање треба да се прекинат додека меѓу учесниците на средбите во Пржино не се разјаснат некои основни прашања. Четирите партиски претседатели мора да потпишат заедничка изјава во која од сите нив ќе биде дадена енергична и недвосмислена поддршка на СЈО и неговиот состав, и ќе биде упатен повик да престане отпорот во сите институции кон работата на СЈО. На ваква потреба упатува изјавата на Могерини по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и ваквите пораки одговорните политичари мора да ги разберат и искористат, посочи претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски на средбата на извршниот комитет.

lp(17)

– По постигнувањето согласност за таква изјава и нејзиното објавување, од првата следна средба на четворицата партиски претседатели треба да се побара помош од меѓународните претставници за изготвување акциски план за спроведување на препораките на извештајот на Прибе. Цивилната контрола врз тајните служби, медиумите, одвојувањето на партијата од државата, изборната регулатива, избирачкиот список… се нотирани слаби страни на секои, па и на „брзите“ избори за кои се залага Заев. И граѓананските протести покажаа дека без реформи, нема фер, демократски и кредибилни избори. Се друго е само тесна партиска калкулација. Ова укажува на можноста и потребата не само партии, туку особено граѓански претставници/активисти и експерти од областите да дадат придонес во креирањето одржлив, јасен и транспарентен пат на излез од кризата. Затоа, било какви преговори до исполнувањето на овие два предуслови се бесмислени и капитулантски – оцени Величковски.

Членовите на извршниот комитет констатираа дека Либералната партија треба да ги сподели овие ставови и со јавноста и со странските претставници, чиј ангажман ќе биде неопходен за поддршка во спроведувањето на ваквата агенда со повеќе меѓународни експерти од разни области што ги опфаќа Извештајот на Прибе за обезбедување вистински транзициски период во земјата. Оваа сугестија треба да биде упатена и до медијаторите од меѓународната заедница во процесот, а особено амбасадорите Орав и Бејли, констатираше Либералната партија.

Слични содржини