makpetrol_0

МВР поднесе кривична пријава против 21 лице поврзани за наводно незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво Макпетрол во Командитното друштво со акции Оилко, меѓу нив е генералниот директор на Макпетрол, лица од Управниот и Надзорниот одбор и лица од државни институции.

Тие се товарат за наводна злоупотреба на службената положба и овластувања, со која според МВР ги оштетиле акционерите на Макпетрол.

Од Макпетрол известуваат дека се работи за чист случај во кој што не е оштетен ниту еден акционер.

„Целата постапка е извршена според законските прописи и легално и нема ниту една повреда на законот. Претпоставка е дека актуелната кривична пријава на МВР е тенденциозна и дека е поднесена заради загубен судски спор во кој се утврди незаконско оданочување на водечките луѓе од Макепетрол. Со последната судска пресуда УЈП е должна да ги врати парите за незаконско оданочување“, сметаат од Макпетрол.

Слични содржини