Меркел со старо политичко мото: “Просперитет за сите”- луѓето да имаат работа и фер плати

од Vladimir Zorba

Германскиот канцелар го воскресна старото мото “Просперитет за сите” како слоган на партијата за овогодинешните избори.


Германскиот канцелар Ангела Меркел го воскресна старото мото “Просперитет за сите” како слоган на партијата за овогодинешните избори. Меркел го извеле од правот старо политичко мото од повоена Германија и го прогласи за основна мисија на Христијанскиот сојуз на претстојните избори оваа година, соопшти ДПА, цитирана од агенциите.
Лидерот на најголемата економија во Европа, истакна дека “Просперитет за сите” ќе биде во фокусот на предизборната кампања на нејзината партија.

“Сакаме што е можно повеќе луѓе во Германија да имаат работа и фер плати”, изјави вчера Меркел пред околу 60 шефови на ХДС на собранието во западното гратче Перл.

“И сакаме компаниите да имаат услови под кои ќе инвестираат во Германија, а не на друго место”, рече Меркел.

Во 50-те години на 20 век првиот повоен министер за економија на Германија Лудвиг Ерхард ветува “благосостојба за сите”, додека за воспоставување на основа на економски реформи, кои подоцна ќе станат познати како германското “економско чудо

Слични содржини