Аргентинската суперѕвезда на Барселона Лео Меси стана добитник на престижната награда “Златната топка” на ФИФА по петти пат. Напаѓачотја  доби наградата на официјална церемонија во Цирих.

месу

 

Аргентинецот и фудбалер на Барселона Лионел Меси е добитник на наградата за најдобар фудбалер за 2015 година или популарната „Златна топка“ што ја доделуваат ФИФА и магазинот „Франс фудбал“. Ова беше јубилеен 60.ти избор за најдобар светски фудбалер, а Меси по петти пат е избран за најдобар. Претходно тој наградите ги освојуваше во 2009, 2010, 2011 и 2012 година.

Во конкуренција беа Кристијано Роналдо (лански добитник) кој е втор и Нејмар кој е на трето место.

Најдобриот тим го сочинуваат: Мануел Ноер (Баерн), Алвеш (Барселона) Серхио Рамос (Реал Мадрид), Тиаго Силва (ПСЖ), Марсело (Реал Мадрид), Лука Модриќ (Реал Мадрид) Иниеста (Барселона), Пол Погба (Јувентус), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) и Нејмар (Барселона).

4589253

. Гламурозна церемонија во Цирих помина без присуство на Сеп Блатер и Мишел Платини, кои се отстранети од секаква активност поврзана со фудбал. Настанот беше отворен со песната “Thunderstruck” на AC / DC, извршена атрактивно од групата 2cellos на две виолончело, а во средината на церемонијата се настапите и Леона Луис. Впечаток направи и тоа, дека Лионел Меси овој пат не дојде со ексцентричен костум, како досега правеше, а се појави  во исклучително елегантен црн смокинг. Нејмар и Меси помогнаа на тимот да освои Лигата на Шампионите минатата сезона, како и првенството и Купот на Шпанија. Потоа во август Меси ја доби наградата “Најдобар фудбалер во Европа” за сезоната 2014/2015 во верзијата на УЕФА.

месуи

Роналдо во поголемиот дел од оваа година беше во сенка на Меси и неговите трофеи, затоа и остана втор. Од 2008 година досега Признанието оди во рацете на некој од двајцата конкуренти. Лионел Меси е првиот фудбалер кој  ја заработува “Златната топка” на ФИФА по петти пат во кариерата (2009, 2010, 2011, 2012 и 2015). Досега три пати ја добивале Кристијано Роналдо, Јохан Кројф, Мишел Платини и Марко ван Бастен. Во календарската 2015 година Меси одигра за клубот и националниот тим 61 натпревари, во кои постигна 52 гола и асистираше за 26. Со дресот на каталонскиот тим реализира 48 гола, придонесе за 23 и освои пет трофеи. На 30 декември одигра својот натпревар №500 за Барса. Така по двегодишна пауза Аргентинецот  со леснотија одзеде го трофејот на својот т ривал Роналдо.

Слични содржини