Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да формира Влада по секоја цена, преговорите со ДУИ почнуваат следната недела

од Vladimir Zorba

„ВМРО-ДПМНЕ нема да формира владата по секоја цена, особено не по цена на менување на Уставот. Нема да го менуваме Уставот по никоја цена особено за воведување на двојазичност на територијата на државата„, изјави денеска Антонио Милошоски во интервјуто дадено за Канал 5 телевизија.
Тој повтори дека Специјалното јавно обвинителство е политизирано, а ВМРО- ДПМНЕ ќе го почитува мандатот и надлежностите на СЈО.

Партијата очекува спротивставени позиции, по овие прашања во преговорите за формирање на влада со ДУИ, кои ќе започнат следната недела.
Милошоски вели дека го зачудуваат баналните теми со кои СДСМ последниве две недели се занимава, како на пример, загадувањето, увозот на струја и други прашања, а социјалдемократите не се изјаснуваат за платформата на албанските партии.

Целото интервју можете да го видите тука

Слични содржини