Тимот на МЗТ Скопје успеа да триумфира во вчерашната пресметка против словенечкиот преставник во АБА лигата, составот на Тајфун со резултат 77-70.До десетта победа во регионалното натпреварување оваа сезона, МЗТ Скопје Аеродром стигна многу потешко од очеувањата, затоа што победата против словенечиот кошаркарски шампион дојде со пресврт во второто полувреме.

mzt-skopje-300

Играчите на Јончевски во првиот дел од мечот одиграа премногу слабо во одбраната, дозволувајќи им на гостите да ја контролираат скок играта, а токму таа контрола им донесе лесни поени од втора шанса, па на полувреме заминаа со осум поени позитива.

МЗТ Скопје се врати во игра во вториот период, со цврста одбрана и добар скок, многу брзо успеа да ја анулира предноста на Тајфун, а во 27.та минута од средбата македонскиот шампион повторно се врати во водство кое потоа не го испушти до самиот крај на мечот.Во последното коло од АБА лигата, МЗТ Скопје гостува кај Цедевита, во меч кој е закажан за недела (06.03.2016) со почеток од 19.00ч.

Извор: Фокс.мк

Слични содржини