Наградите „Златен глобус“ собраа 20 милиони гледачи пред ТВ екраните

од Vladimir Zorba

Церемонијата на доделување на наградите “Златен глобус” беше гледана на телевизија во неделата вечер од 20 милиони гледачи. Ова е втора најголема публика на ова кино доделување во рамките на една деценија, објави ТВ каналот Ен Би Си.

Така 74-тото издание на “Златен глобус” собра 1,5 милиони гледачи повеќе отколку претходната година, според податоците на социолошката агенција “Нилсен”.

Минатата година церемонијата на доделувањето на престижните награди беше победена од финалето на шампионатот во американски фудбал кое собра 18,5 милиони гледачи.

Со години публиката на големите церемонии на доделување на музички и филмски награди како “Оскар”, “Греми” или “Еми” се намалуваат.

Во однос на доделените награди, вкупно лентата “Ла Ла Ленд”, која беше фаворит и во номинациите, зеде цели седум награди, освен во најпрестижните актерски категории за најдобар актер и актерка каде триумфираа Ема Стоун и Рајан Гослинг, за екипата на мјузиклот отидоа статуетка за најдобар филм – комедија или мјузикл, за режисер (Дамјан Шазел ), за сценарио (повторно Шазел), за оригинална музика и за оригинална песна ( “City of Stars”).

Меѓу другите победници на вечерта беа филмот ” Месечината “, кој доби “Златен глобус” во категоријата драма.

Братот на Бен – Кејси Афлек зеде “Златен глобус” за најдобар актер во драмата “Манчестер до морето”.

Со награда за најдобра актерка во филмската драма беше удостоена Французинката Изабел Јупер за филмот “Таа”, а истата лента на холандскиот режисер Пол Верховен, зеде награда и за најдобар странски филм.

Наградата за најдобар актер во споредна улога отиде кај Британецот Арон Тејлор-Џонсон за “предатори во темнината”. Со “Златен глобус” за најдобра актерка во споредна улога беше удостоена Американката Вајола Дејвис за “Огради”.

Најдобар анимиран филм стана “Зоотрополис”. Мерил Стрип го доби својот почесен “Златен глобус” .

Во телевизиските категории наградата за најдобра комедија беше доделена на серијата “Атланта”, а “Корона” зеде “Златен глобус” за најдобра драма.

Признанието за најдобар телевизиски филм / минисерија отиде кај “Народот против О. Џ .: Американска криминална историја”.

Екс дечкото на Taylor Swift – Том Хидлстон и Хју Лори пак зедоа награди за најдобар актер и најдобра машка улога за серијата “Ноќниот менаџер”.

Слични содржини