pistol

Синоќа околу 20.00 часот во Скопје на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК„Шкендија“ и ФК„Гент“, на арената „Филип Втори“, на источната трибина дошло до нарушување на јавниот ред и мир, во кое дел од навивачка група ги нападнале И.Ј.(38) од Приштина, Косово и М.А.(42) од Скопје при што му била одземена чанта во која имало пиштол, кој подоцна бил пронајден во казанче од тоалет на стадионот на источната трибина. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица – Центар биле приведени К.О. (39), М.А. (29), Е.Б. (35), М.Е. (35), Б.И. (30) и седумнаесетгодишник, сите од Тетово. Извршен е разговор по што им биле издадени платни налози за сторени прекршоци од Законот за спречување на насилството и недоличното однесување на спортските натпревари.

Слични содржини