Засега нема никаков одговр од судските власти. Едноставно молк, од Основниот суд Скопје 1 како ништо да не се случило и како да станува збор за обвинение за украден велосипед а не оштетен Буџет на РМ- одговор нема!
Вчера Специјалното јавно обвинителство поднесе предлог за преземање на мерки на претпазливост, за едно лице притвор и одземање на пасошот за три лица, сите осомничени во случајот „Трезор” .
Откако ќе биде изведен пред судијата во претходна постапка, што вообичаено се случува веднаш по поднесувањето предлог од обвинителството, во рок од шест часа на осомничениот треба да му се достави решението дали е одреден притвор или друга мерка за претпазливост. Во решението се назначува кога осомничениот е изведен пред Суд и кога го примил решението. Осомничениот има право на жалба до кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 во рок од 24 часа.