Новороденче почина во с. Истибања

од Vladimir Zorba

Нвороденче, чии родители живеат во селото Истибања, Виничко, починало вчера наутро, соопшти полицијата.

ambulanta bolnica brza pomos kliniki

Немилиот настан го пријавил дежурен лекар од Итната медицинска помош откако службата била повикана во домот на бебето.

Според полицијата, таткото забележал дека бебето, родено на 13 јануари годинава, не дава знаци на живот и било помодрено по телото.

Тој и неговата сопруга живееле како потстанари во куќа, сопственост на К.П.

Од извршениот лекарски преглед е констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција.

Слични содржини