Нoвото во „Тааргет“ на СЈО

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Што е ново во новоотворената истрага под шифра „Таргет“ на СЈО на Катица Јанева? Ново е тоа што СЈО дошло до валидни докази врз основа на кои тврди дека Тајната полиција (УБК) и натаму ги прислушкува тие што ја плаќаат – граѓаните. Или, таа полиција и натаму „работи за владата“ според извештајот на Рајнхард Прибе. Која, од своја страна, и натаму си работи за својот џеб по ист начин и со ист интензитет како и пред нејзиното разобличување кое уследи по серијалот „бомби“ на опозицијата од почетокот на 2015 г.

atanas-vangelov

Кој беше ефектот од таа новоотворена истрага?

Очекувaно, краткотраен и млак од многу познати, банални прчини. Еден мегасканадал од колосални размери за европската демократска практика беше, за нашата кротка и дополнително кротена јавност од дресурата на груевизмот, нешто познато, веќе „потрошено“.

Таа јавност беше навикната да живее „во шепот.“ И да шепоти место да зборува. Во надеж дека, на тој начин, ќе се спаси од сеприсутното, супер-уво на тајната полиција? Не се знае како дозна и како знаеше таа јавност дека нејзината полиција слуша сè и во секое време. Дека слуша и шепот. Дека слуша и неизговорени зборови. Паранаоична, отровна склоност? Можеби.

Но затоа пак не помалку реална.
Зошто?
Затоа што, свеста дека некој веќе почнал да ве слуша кога отворате уста не само што ве цензурира, туку и ве парализира. Тоа сознание ве тера првин да го слушате и да го проверувате својот внатрешен глас. Да го просеете низ густо сито тоа што сакате да му го кажете на собеседник. Така правите за да не ви излета нешто од уста кое може да ве одведе во истражниот во „Шутка.“ Ама, кога го правите тоа, вие „заборавате“ дека имете собеседник пред себе. Тој чека на вашиот збор. Тој чека, вие се колебате да почнете, иако правите сè што можете и не можете за да го прикриете тоа. Сега и тој почнува да се колеба. Се прашува во себеси (на необјаснив нашин вие слушате дека се прашува) дали и вие не сте некој од власта со врска во тајната полиција? Кој избира зборови за да не го “оддадат“ дека е – тоа?

Така, жарчето психоза на сеопшт страв кој смрзнува моч во меур пламнува во пожар на борова шума сред летен пек. Не само културата на шепот и на шепотење која, во тек на десет години, го спушташе сè подлабоко својот цврст корен во почвата на нашето социјално однесување е – таа што изигра своја улога во млаката реакција на јавноста која дозна од СЈО дека тајната полиција и натаму си прислушкува како да не било ништо. Како да не биле „бомбите“ на Заев. Како да не дошло до општа, унисона осуда од европската јавност, под чиј притисок власта се реши на отстапки. Како, на пример: да се испита, да се провери и да се „процесуира“ (и) содржината на снимките од тајната полиција. Не само формата – како дошла до тие снимки опозицијата: легално или илегално? – на што инсистиораше власта, а за што беше образувано и специјалјно обвинителство. Со амин (потпис) и на власта. Своја улога од иста важност како и културата шепот има и факторот банализација во социјалната психологија на Хана Аренд кој, во реториката на руските формалисти, се викаше автоматизација. Има појава на банализација (автоматизација) кога јавниот живот е поплавен од мега-скандали и афери со интензитет и темпо кои ги „нормализираат.“

Тоа што било исклучок од правило како норма на социјално однесување станало правило кое суспендира правило. Една серија од афери и скандали се нормализира тогаш кога, во резултат на зачестеноста (фреквенција) необичното станува обично. Зошто? Затоа што една серија од скандали е – континуитет: тече непрекинато, тивко и мирно, како што тече сиво секојдневје. Така што, ненормалноста станува норма. А нормалноста ненормална. Дисконтинуитет или скандал станува тогаш тоа што било обично, нормално, сиво секојдневје во континуитетот (тек) скандали. Кој уште се сеќава на скандалот на дополнителнителниот Д. Спасов со еротски детали во државен „Туарег“ кого го брка полиција затоа што учукал две-три паркирани коли? Беше потиснат од друг: хаклидичката оргијастичко-оргастичка сеанса на ликови од власта.

Ја објави балканската ТВ- Алџезаира. Даде некои објаснија (генерички и генерлни) за таа оргијастичко-оргаситичка „зарубежна“ сеанса бившиот разузнавач Алдександар Диневски. Тој скандал беше потиснат од оној на СЈО кој ни обелодени дека тајната полиција и натаму го правела тоа што со години го правела: прислушкува илјадници луѓе без судски налог затоа што и се – може; затоа што, „пањатна“, сега дури и мора кога е на удар од специјално обвинителство. И сето тоа во рок на една недела.

Или, нешто повеќе од недела. Мајка што е мајка не раѓа таква јавност која голта толку тешко, висококалорично јастие какво што е јастието опашка од скандали кои се туркаат како пензионери пред врата на бесплтен автобус. Дали, сите ние кои ја живееме ненормалноста нормално; кои си ја носиме таа ненормалност како секојдневна, работна облека; но и како парадна, свечена (Балзак: “облеката кажува сè за карактеророт на човек“); дали сите ние „како такви“ не легитимираме и, на тој начин, не помагаме власт која заслужува не само (општа) осуда туку и ликвидација? Со сила, кога не може поинаку. Затоа што, како што велеше Ками во своите “Писма до германскиот непријател“, употребата на сила, на чија страна е правдата (Катица Јанева: „ништо нема да ме спречи во мојата борба против безаконието; на моја страна се Уставот, законите, правдата и висината“; „чувствувам голема поддршка од јавноста“) станува морална обврска од прв ред. Тогаш таа сила е на страна на животот под закана на силата (власт) која го понижува до уништување.

Логичкиот одговор на тоа прашање е: секако – сме. Ако е очигледно дека сме, тогаш следува уште понеудобно прашање: како дојде да тоа сите, сакале или не, да станеме соучесници (па дури и помагачи!) на насилна и криминална власт? Со немоќта да сториме нешто против насилна и криминална власт. Уште помалку да ја спрчиме во нејзиниот демонски наум. Има занимливи, мошне поучни одговори на тие тревожни, драматични прашања во книгата „Против Сен-Бев“ на творецеот на модрениот роман Марсел Пруст (1871-1922). Ќе потсетам или, подобро, ќе се позанимавам со на нив во следниот напис.

Атанас Вангелов
фејсбук статус

Слични содржини