Времето  е сончево и топло со мала до умерена облачност. Дуваше слаб ветер од јужен правец, а во северозападните делови од северен правец.

11257669_10204413832322227_2141449344_n

Моментални температури : 19 Маврово, 21 Лазарополе, 24 Претор, 25 Охрид, 26 Битола, Прилеп, Кр.Паланка и Берово, 27 Тетово, Виница, 28 Скопје – З. Рид, 29 Скопје-Петровец, Штип и Струмица, 30 Д.Капија, до 31 степен во Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ:

До крајот на денот ќе има локално зголемување на облачноста, особено во западните и крајните североисточните планински делови. Во вечерните часови во овие делови се очекува локален развој на нестабилна облачност со краткотраен  пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

 ВРЕМЕТО УТРЕ:

Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а дневната од 24 до 30 степени.

 СКОПЈЕ УТРЕ:

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне со услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринска температура 15, дневната ќе достигне до 28 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

И утре во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда условите за нестабилност ќе бидат помали и се очекуваат во источните делови од земјата. Во четврток ќе има преодно стабилизирање, а од петок повторно ќе биде нестабилно со дожд и грмежи.

Слични содржини