Во Кривичниот суд   денеска почна судењето за сообраќајната несреќа што се случи лани, на 15 ноември, кај Католичка црква, а во која загина 16-годишниот Иван Белински. Обвинетиот, 20-годишниот Џенис М. седна на обвинителна клупа, но судењето набрзо се одложи бидејќи во судот не се појавија двајца сведоци, а исто така беше соопштено дека вештачењето се уште не е готово.

сообрак
На судењето ќе треба да се утврдат сите детали за несреќата, како и да се посочи чиј бил џипот „фолксваген туарег“ кој критичната вечер го возел младиот возач, бидејќи истрагата потврди дека возилото не било негово, ниту пак на неговата фамилија.

Слични содржини