Осама бин Ладен во последните години ги повикуваше своите следбеници да се концентрираат на нападите врз САД. Ова го покажуваат откриените нови документи, информира БиБиСи.

0008501001432199853_474163_600x458_actualno

Американските власти ги издадоа документите откриени во текот на ноќта, кога лидерот на Ал Каеда беше убиен во скривалиште во Пакистан. Тие вклучуваат кореспонденција на арапски со неговите поручници, љубовно писмо до една од жените и формулар за пристапување кон терористичката група.

Бин Ладен имал книги на англиски за економија и воена теорија.

Во едно од писмата Бин Ладен наредува еден од замениците да каже “на нашите браќа, дека треба да останат фокусирани на борбата против Американците”.

Во друго писмо Бин Ладен се обраќа кон муслиманите низ целиот свет со апели да водат “света војна против неверниците”, на прво место против Американците. Во преписката тој се исмејува над “војната против тероризмот”, објавен во 2001 година од страна на претседателот Џорџ Буш помладиот, и изразува чудење од пребарувањето на оружје за масовно уништување од страна на американските сили во Ирак, бидејќи таму такво никогаш немало .

Архивите на Бин Ладен откриваат уште план за одбележување на 10-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година За целта требало да бидат испратени голем број изјави до ТВ каналот “Ал Џезира”, кои ќе бидат искористени во репортажи по повод годишнината.

Остава впечаток и што лидерот на Ал Каеда пројавувал вонредна претпазливост. Тој ги повикува своите следбеници да не се дискутира на интернет за никакви прашања поврзани со активностите на групата, туку да се користат за оваа намена само курири. Овие барања важатза најблиското опкружување на Бин Ладен, вклучувајќи за неговите жени и деца.

Исто така стана јасно дека американските специјалците откриле во скривалиштето на Осама голем број материјали со порнографска содржина. Властите велат дека немаат намера да ги декласифицират предметните порно видеа поради “природата на нивната содржина”.

Слични содржини