Панчевски барал увид во гевгелискиот суд, Вангеловски и Караџовски го извршуваат

од desk4

Гевгелискиот суд на мета на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски. Цел ден со уште неколкумина членови на Советот се во контрола во Гевгелија, по само една недела откако претседателката на Основниот суд Злата Попова, го потпиша налогот за СЈО,за претрес на канцеларијата и домот на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.

Ниту Караџовски, ниту Ванѓеловски не одговараат на телефонските повици за да кажат дали ја проверуваат законитоста на налогот во корист на СЈО. Ниту од судот се достапни, ниту судијката која е и претседател на судот Попова, ниту пак портпаролката, информира Телма.

Екс претседателот на кривичен Владимир Панчевски, вели дека токму тој во жалбата до Судскиот совет, која ја достави во понеделникот, барал да се направи увид во тоа како е избран Гевгелискиот суд за да издаде налог.

„Меѓу другото во жалбата го наведов и тоа за надлежноста на Гевгелискиот суд за издавање наредба за претрес. Побарав да се направи увид во АКМИС системот и да се види дали рачно е определен токму овој суд и токму оваа судијка, особено што се од подрачјето од кое доаѓа и Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која до пред оваа функција работеше како обвинител токму во ова подрачје“, вели Панчевски.

Панчевски уште вели дека за постапувањето на претседателката на гевгелискиот суд го известил и Советот за утврдување на факти и побарал дисциплинска одговорност од неа.

Во меѓувреме ги подготвува и претставките за постапувањето на СЈО при претресот, но и кривичните и за обвинителите, истражителите и судијката од Гевгелија.

Инаку Судскиот совет треба деновиве да се произнесе по поплаките за насилен претрес. Членовите веќе го сослушале и в.д претседателот на Кривичен, Стојанче Рибарев кој присуствувал за време на претресот на Панчевски. Се уште не се завршени вештачењата на телефоните, компјутерите и ИТ опремата, која е одземена од домот на Панчевски, кои треба да покажат дали екс претседателот на Кривичен оддавал податоци надвор од судот за предметите на Катица Јанева, користејќи ја можноста да влегува во АКМИС системот.

Слични содржини