Менаџерот на Перо Антиќ, Мишко Ражнатовиќ на својот Твитер профил објави дека македонскиот кошаркар потпишал договор со Фенербахче на 2+1 години.

pero

Триесет и тригодишниот Антиќ стана првиот македонски кошаркар кој заиграл во НБА во тимот на Аталанта Хоукс. Тој во тимот на Јастребите помина две сезони. Сезонава просечно постигнуваше по 5,7 поени и 3 скока по натпревар, а играше и во финалето на источната конференција каде што загуби од Кливленд.

Во својата кариера тој настапуваше и за Олимпијакос со кој освои две титули европски првак, Црвена Ѕвезда, Спартак Ст. Петрзбург, Локомотив Кубан, Аек, Академик Софија и Работнички./MIA

Слични содржини