По 4 повредени пратеници, специјалната полиција влегува во Собранието

од Vladimir Zorba

Насилните демонстранти по влегувањето во законодавниот дом со фантомки на главите нападнаа повеќе пратеници меѓу кои лидерот на опозицијата Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски и други. Меѓу повредените, најтешко повреден пратеникот Зијадин Села.

При влегувањето демонстрантите кршеле во ходниците, а по насилното заземање на прес центарот почнале да фрлаат и напаѓаат со камери, стативи и сите расположливи предмети. Присутните новинари известија и за истрел од пиштол.

Полицијата пристигнува во Собранието во моментов, два часа по влегувањето на демонстрантите, откако претходно амбасадорите повикаа на одговорност од Министерството за внатрешни работи.

Слични содржини