Побегна од ужасот во Сирија, повеќе пати ја избегна смртта, но пожарот во Лондон му дојде преку глава

од desk3
Првата жртва во пожарот во Лондон е  мигрант кој дошол во Лондон за да пронајде сигурност и мир. Мухамед Ал Хај Али, мигрант од Сирија настрада во пожарот заедно со уште 16 други жртви. 

Ја напушти својата земја во потрага по среќа и подобар живот во Велика Британија, пренесуваат британските медиуми. Кампањата за поддршка на сиријските мигранти ја потврди смртта на нивната група на Facebooku.

– “Почивај во мир Мухамед Ал Хај Али”. Сочувствуваме со неговото семејство кое веруваше дека пронашол сигурен дом во Велика Британија, пишуваше во постот.

Пријателот на Мухамет објави потресна објава.

– “Го преживеа Асад, ја преживеа војната во Сирија, но пожарот во Лондон му дојде преку глава”, немам зборови, напиша неговиот пријател.

Според пишувањето на Tелеграф, Мухамед во моментот на пожарот испратил порака со која се простил од семејството.

-Насекаде е оган, збогум, напишал Мухмед во пораката. Се претпоставува дека во 27 катната зграда која до темел изгоре, живеел со својот брат Омер, кој е пренесен во болница. Службите за спасување на лице место на трагедијата испратија кучиња за да ги идентификуваат жртвите .Во пожарот кој изби во стамбениот облакодер во  Grenfell Toweru во западен Лондон изгореа 25 oд 27 катови а пожарот го предизвикал расипан фрижидер Големиот пожар ја проголта зградата, во која имаше 120 станови.

Слични содржини