Почнуваат консултациите за новата српска влада

од Vladimir Zorba

 

– Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе разговара денеска со парламентарните партии за кандидатот за нов премиер, пишуваат српските весници.

Освен партиите од власта единствено Либерално-демократската партија потврди дека ќе учествува во разговорите, а веројатно шансата ќе ја искористи и Српската радикална партија, пишува весникот „Вечерње новости“.

Весникот „Данас“ пишува дека дел од опозицијата објавила дека ќе ги бојкотира разговорите со претседателот.

Весникот нагласува дека Српската прогресивна партија ќе биде претставена на консултациите кај Вучиќ од министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и заменик-претседател на партијата.

– Во земја, во која еден човек решава се бесмислено е кој и да е да биде дел од т.н. разговори, кои очигледно се претстава за општеството и Демократската партија нема да учествува во тоа, рече Драган Шутановац, лидер на Демократската партија, пишува „Данас“.

Весникот политика објави дека Небојша Стефановиќ, кој е член на претседателството на Српската прогресивна партија, фигурура како еден од можните  наследници на Вучиќ на премиерската функција.

Според „Политика“ можно е нов премиер да стане и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ.

Борис Тадиќ, лидер на Социјалдемократската партија смета дека Вучиќ цело време работи на уништување на дијалогот. Тој посочи за „Данас“ дека политиката на Вучиќ е политика на монолог, така што секој дијалог со политичките противници е само празна претстава за јавноста.

– Секако дека нема да одам на таа претстава и нема да учествувам во лажењето на граѓаните, рече Тадиќ./МИА

Слични содржини