Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните и источите делови на земјава, а веќе во доцните попладневни часови интензитетот на врнежите ќе се намалува.

vremedozdkapki1

Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат изразени околу пладне и попладне. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на облачно време со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини се очекуваат повремени врнежи од снег. Не се очекува некоја позначителна промена на температурата на воздухот.

Слични содржини