По откривањето на автомбилот Пежо 607 без регистарски таблички, натоварен со плински боци, во близината на Богородичната црква и префектрурата на полицијата во Париз, истражните органи притворија повеќе лица, јавува дописникот на МИА од Париз.полице франц

Истрагата ја води антитерористичкиот оддел на бригадата за криминални дела на париската полиција и Дирекцијата за внатрешна безбедност, откако во автомобилот беа откриени седум плински боци, од кои шест беа полни, како и три шишиња со нафта. Иако немало мехамизам за палење, експертите велат дека бил доволен еден молотов коктел за автомобилот да експлодира.

ФРАНЦУСКИТЕ ВЛАСТИ СО НОВА ТРАГА! БАРААТ 19-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПОРАДИ ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ КРАЈ “НОТР ДАМ”

Во рамките на истарагата, веќе се уапсени две двојки, од кои едната била уапсена на автопатот А7 на одморалиште во близината на Оранж, кои планирале да заминат за Шпанија. Станува збор за маж на возраст од 34 години и жена на возраст од 29 години. Двајцата им се познати на полицијата поради нивните симпатии за Исламската држава.

Втората двојка е уапсена во близината на Монтруж во Луаре. Сопственикот на автомобилот исто така беше уапсен и притворен, пред да биде ослободен.

Во писмото упатено до префектот на полицијата на Париз, градоначалникот на Петтиот арнодисман, Флоранс Берту, додава дека во автомобилот е пронајдена и белешка на арапски јазик, која се преведува. Таа исто така забележува дека автомбилот бил паркиран цели два часа со вклучени трепкачи во зона, која е забранета за паркирање и покрај повеќе телефонски јавувања, кои го пријавија автомобилот. Тоа според неа е пропуст и сведочи за недостиг на полициски сили.

Во вторникот премиерот Мануел Валс изјави дека терористичките закани се големи како никогаш досега, а деновиве по протерувањето на неколку Мароканци во Мароко од Мец, мароканскиот печат пишува дека истите лица планирале терористички напади во Франција.

Слични содржини