Пред половина час во престрелка во Куманово застрелани се најмалку две лица. Според информациите на Телма едното лице починало од повредите на лице место.

калаш

Вториот повреден по укажаната помош во кумановската болница е упатен во клиничкиот центар во Скопје.

Инцидентот се случил околу 15.30 часот во кумановската населба Бедиње. Непознатиот извршител од зелен мерцедес во движење истрелал рафал кон угостителски објект пред кој биле двајцата погодени.

Според информациите од лице место, едниот маж починал од повредите пред објектот, а  вториот со повреди по телото и нозете е префрлен во Скопје.

 

Извор: Телма

Слични содржини