Претседателот на Русија Владимир Путин е убеден дека антитерористичката операција во Сирија е започната токму во потребниот момент. На колегиумот на Федералната служба за безбедност, Путин изјави дека руските тајни служби ги пресекле активностите на групите кои биле подготвени да нанесат удар на Русија, пренесе ТАСС. Сега е важно сигурно да се заштити територијата на Русија од навлегувањето на терористи од Блискиот Исток и од други региони, и оперативно да бидат откриени и неутрализирани оние кои се вмешани во терористички активности, рече Путин. Тој потсети дека во 2015 година биле пресечени активностите на над 400 соработници и агенти на странски тајни служби, а 23 од нив биле привлечени кон кривична одговорност.

Vladimir Putin

 

Владимир Путин се заблагодари на руските тајни служби и военото разузнавање за успешно спроведената операција во Сирија и посочи дека таа започнала токму во потребниот момент. Тој потврди дека воената акција против “Исламска држава”, “Џебхат ан-Нусра” и други терористички групи, кои не се согласат со условите на примирјето во Сирија, ќе трае до нивното целосно уништување.

 

Шефот на ФСБ Александар Бортников изјави дека во 2015 година службата работела во услови на засилен политички, економски, воен и информативен притисок против Русија. По тој повод Путин истакна дека за жал за изборите во Русија во есен се подготвуваат и “нашите непријатели” и ги повика на разузнавачките агенти да работат упорно за заштита на интересите на земјата, пренесе РИА Новости.

Ги ослободија турските новинари, кои соопштиле за испораките на оружје во Сирија

 

 

На темата активностите на Русија денеска пишува и DW.

 

Според германскиот медиум, примирјето во Сирија не е изненадувачко – тоа покажува дека балансот на силите во регионот всушност е променет во корист на Русија.

 

Засега е тешко да се каже кој ќе освои повеќе од примирјето во Сирија. Ми се чини дека е созреано времето, во кој од прекинот на огнот веќе се заинтересирани сите страни – и владините сили на Сирија, кои Русија ги поддржува, и  силите на опозицијата. Според мене, една од главните причини поради кои Москва и Дамаск се согласија на примирје, се претстојните парламентарни избори, кои претседателот ги Асад закажа за април. Овие избори  му се потребни за да ја демонстрира својата легитимност – или барем да создаде илузија за легитимитет. Но за да се одржат избори, треба прекин на огнот.

 

Слична ситуација имавме по првиот мировен договор за Источна Украина во Минск во есента 2014 година. Таму исто така се договорија за прекин на огнот, а месец и половина подоцна проруските сепаратисти одржаа свои избори. Потоа војната се обнови. Што се однесува до хуманитарната ситуација,  прекин на огнот ќе им овозможи на меѓународните помошни организации да организираат некакво снабдување на опколените градови. А луѓето во овие градови ќе ја добијат можноста да ги напуштат, да избегаат од зоната на воените дејствија.

 

Русија тоа и го сакаше: да преговара во пар за иднината на Сирија

 

За Русија досегашното учество во сирискиот конфликт видливо беше успешно. Таа успеа да спречи воен пораз на војската на Асад и да ја зацврсти неговата лична позиција. Покрај тоа Русија успеа да се врати на меѓународната сцена, да му ги наложи на Западот своите правила на игра и да ја демонстрира пред светот слабоста на САД.

 

 

Бидејќи првичната цел на Русија беше токму оваа – на еднакво рамниште да преговара со САД за иднината на Сирија. Москва ја постигна оваа своја цел. Точно е дека Западот продолжува да бара оставка на Асад, но веќе не така силно како порано. Балансот на силите во регионот всушност се промени во корист на Русија.

 

Ќе биде избрзано сепак да се тврди дека Русија веќе доминира во Блискиот Исток. Со сегашното примирје војната сепак нема да запре, бидејќи ниту една од завојуваните страни не ја постигнала својата цел. Има шанса борбите да стивнат за некое време, но потоа повторно ќе експлодираат. Дамаск, Русија и нивните сојузници во регионот едвај ќе се откажат од плановите за целосна разбивање на опозицијата. Таа самата сепак исто нема намера да отстапува. А војната против “Исламска држава” никој нема намера да ја прекине. Крајот на конфликтот се уште е далеку.

Слични содржини