Рахој: Ќе спречиме отцепување на Каталонија!

од Vladimir Zorba

   Шпанската Влада ќе ги употреби уставните надлежности за да го замрзне автономниот статус на Каталонија и да го спречи отцепувањето на областа од Шпанија.

Тоа го изјави шпанскиот премиер Мариано Рахој во интервју за весникот „Паис“.

На прашањето дали ќе го активира членот 155 од Уставот, кој му дозволува на премиерот да ја распушти регионалната влада и да распише нови избори во некоја област, Рахој одговори дека „не е исклучено апсолутно ништо што е во рамки на законот“.

– Во идеален случај не е потребно да се преземаат екстремни решенија, но за да не се случи тоа, работите треба да се сменат, истакна Рахој.

Премиерот на Шпанија нагласи дека планира се додека не заврши кризата да ги остави во Каталонија 4.000 полицајци кои беа ангажирани вообласта поради референдумот за независност на 1 октомври.

Слични содржини