Реакција на банките доверители на „Фени Индустри“

од Vladimir Zorba

Трите банки (Комерцијална банка, Стопанска банка и Силк роуд) кој се доверители во комбинатот „Фени индустри“ до медиумите испратија писмена реакција во врска со обраќањето на Дмитри Черкаски.

Во реакцијата од банките се вели:

„Наводниот претставник на Кунико груп, банките доверители известуваат дека немаат намера преку средствата заинформирање да полемизираат со некој Дмитри Черкаски, за сите негови невистини и небулози изнесени во соопштението. Инаку, банките не знаат во кое својство се појавува ова лице, ако се земе предвид дека на социјалната мрежа Линкедин се појавува како лице кое бара работа (во прилог е профилот на лицето Дмитри Черкаски, во кој се гледа дека е ЦФО на некоја интернационална група, а кој бара нови можности за вработување, но никаде не се споменува дека има некаква функција во „Кунико“)

Од сето изнесено очигледно е дека ни тие самите не се сигурни кој е сопственик на „Фени Индустри“, затоа што зависно од расположението еднаш го претставуваат „Кунико“ како сопственик, а потоа со наводно склучен наводен договор како сопственикго претставуваат„Енекод“.

 Ниту „Фени индустри“ ниту „Кунико“ немаат валиден договор за репрограмирањена обврските кон банките. Предуслов за тоа беше минималното намалување на дел од долгот кон банките кредитори. Но, претставниците на „Кунико“ се изјаснија дека немаат намера понатаму да го финансираат „Фени“, туку ќе го продадат за 1 долар на тој што ќе ги намири обврските кон банките и другите доверители.

Кунико ќе може да биде релевантен соговорник во разговор со банките доверители само откако ќе ги исплати двете заостанати плати за вработените и дел од доспеаните обврски кон банките, а кои им седобро познати. Притоа, не треба да ги лажат вработените дека не е возможно да им се исплати плата од страна на „Кунико“ заради блокада на сметката од страна на банките доверители.

Исплатата е законски можна затоа што „Кунико“ тоа еднаш веќе го стори на 20.09.2017 година, когаим ја исплати августовската плата на вработените. На истиот начин нека го направат тоа и сега и нека ги исплатат заостанатите плати на вработените на „Фени Индустри“, а не да кажуваат невистини“.

Слични содржини