Редок „Епл“ беше продаден по неочекувано ниска цена

од Vladimir Zorba

Редок апарат на име “Епл 1” – првиот компјутер произведен од компанијата на Стив Џобс пред четири децении, беше продаден на пониска од очекуванaта цена на аукција во Германија. Еден од осумте функционални од овој модел во светот, освои само 110 000 евра, што е прилично под очекуваните 180 000-300 000 евра.

Ова укажува дека растот на нив-предметите по смртта на Џобс во 2011 година дефинитивно е завршен.

“Од наша гледна точка се враќаме на нормални ценовни нивоа”, рече Уве Брекер, кој раководеше со аукцијата во Келн.

Аукциската куќа на Брекер, специјализирана за продажба на технички антиквитети, исто така, учествуваше во продажбата на друг “Епл-1” во 2013 година, освојувајќи 516 000 евра. Моделот, кој беше продаден во саботата и чиј почетен сопственик беше калифорниски инженер, се уште имаше признаница, упатство за работа и други документи.

“Епл 1” беше една од првите можности некој да поседува вистински компјутер “, коментира Џон Д. Драјдон, кој ја купи машината во 1976 година. Компјутерот беше еден од околу 200 претставници на моделот кои се продаваат од страна на Стив Џобс и Стив Возниак. Купувачот е германски инженер, кој колекционира стари компјутери.

Слични содржини