Заврши јавната седница на која јавната обвинителка Ленче Ристовска ги образложи причините зошто СЈО и понатаму бара замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ  во рамки на истрагата „Талир“. Ристовска потенцира дека решението на кривичниот совет од Основен 1 со кое е одбиено нивното барање за замрзнување на  имотот  на ВМРО ДПМНЕ е незаконско.

Таа ги отфрла обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека СЈО работи во полза на власта и тврди дека барањто за замрзнување на имотот е за привремено обезбедување на имотот на партијата со цел заштита од можно негово отуѓување. Врховниот суд во наредните денови треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето за заштита на законитоста поднесена од СЈО.

 

„Обезбедувањето на предмети во кривичната постапка е нешто што навистина е значајно, посебно привременото обезбедување, затоа што тоа е единствен начин да покажеме дека криминалот не се исплати. Беше понудена праксата и меѓународните инструменти како што се Конвенцијата на ОН за борба против корупција, исто така и Конвенцијата на Советот на Европа – Кривичната конвенција  против корупција, така што беа изложени повеќе аргументи од наша страна во прилог на нашето барање“, рече Ристовска./24 Вести

Слични содржини