РСЕ: Ахмети му ја врати „бомбата“ на Заев

од desk2

Претседателот на СДСМ, Заев, потврди дека ДУИ им испратиле предлог решенија за Законот за употреба на јазиците. Досега закон е носен, па менуван во 2008 и во 2011 година од тогашните коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, информира РСЕ.

Доцна синоќа ДУИ до СДСМ испратиле документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците потврди денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој додаде дека лично не го видел документот што содржи, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот.

„За нас е прифатливо сè што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од која било малцинска заедница. Предлогот да е уставно издржлив и уставно издржан и да ги одразува практичните потреби на граѓаните. Со вака широко доставени рамки не знаеме кога ќе донесеме одлука”, рече Заев.

ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците во заедничката платформа, пак, бараат и промена на Уставот во кој ќе се утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија“.

Но, за промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство, така што очекувањата се дека сè ќе се решава со законско измени. Засега содржина на нацрт документите кои си ги препраќаат ДУИ и СДСМ не се открива.

Според универзитетскиот професор Мерсим Максути може да се зголеми употребата на јазикот и само преку закон. Не треба да се употребува во средини каде што не живеат Албанци, туку онаму каде што се над 20 отсто, додава тој.

„Треба да се донесат измени за да може да се употребува секаде -во Влада, во Уставен суд, судовите, администрацијата, комуникацијата на локалната со централната власт каде што градоначалници се Албанци да можат да комуницираат“, вели Максути.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини