САД и Саудиска Арабија може да се соочат на суд поради 11 септември

од desk3

Американскиот Конгрес го поддржа законот со кој им се овозможува на семејствата на жртвите на терористичките напади од 11 септември 2001 година да ја тужат Саудиска Арабија, пишува „Вашингтон пост“.

911-planes

Законот е одобрен со усно гласање. Според конгресмените кои го поддржале законот тие гласале за него од морални причини и сакаат на семејствата на загинатите да им дадат можност да дојдат до вистината.

Законот може да биде укинат со вето на претседателот. Противниците на судскиот процес со Саудиска Арабија сметаат дека тој може да ја поткопа соработката со еден од најважни стратешки партнери на државата.

Доколку претседателот Барак Обама не стави вето на законот во рок од десет дена, тој автоматски ќе стапи во сила.

САД оваа година одбележуваат 15-години од нападите на 11 септември./MИа

Слични содржини