СДСМ денеска со централен граѓански митинг пред ВЛАДА во Скопје

од Vladimir Zorba

Денеска, на точно шест дена до изборите на 11 декември, политичките партии продолжуваат со митинзите и со средбите со граѓани на кои ги претставуваат своите изборни програми.

Во 18 часот во Скопје, на булеварот Илинден, пред зградата на Владата, централен митинг ќе одржи Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата За живот во Македонија.

15241770_10154870604842932_6873178173740773240_n

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија денеска во 17.30 ќе одржи митинг во Радовиш, а централниот е закажан во Струмица, со почеток во 20 часот.

Коалицијата за Промени и правда денеска ќе има средби со граѓаните во Кавадарци и Неготино, на кои ќе се обратат лидерот на Демократскиот сојуз и носител на листа во ИЕ 1, Павле Трајанов, носителот на листа во ИЕ 4, Слободан Богоевски и носителот на листа на коалицијата во ИЕ 2, Јове Кекеновски.

Во хотелот „Холидеј ин“, во Скопје, Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе организира конференција за економија, на која партијата ќе претстави дел од својата програма за економски развој и еднаквост. На конференцијата, како што е најавено ќе говорат Фатмир Бесими од секретаријатот за економија на ДУИ и носителите на листи на партијата.

Демократската партија на Албанците (ДПА) во 16.30 часот ќе одржи средба со граѓаните во општината Чаир, во Скопје.

Коалицијата Алијанса за Албанците денеска ќе има митинзи во Центар Жупа, во 18 часот и во Дебар, еден час подоцна.

 

Слични содржини