Граѓаните пријавуваат бројни неправилности во Избирачкиот список на телефонската линија што ја отвори СДСМ.

Во текот на вчерашниот ден, на телефонскиот број што го отвори СДСМ пријавени се овие неправилности на избирачкиот список: 750 фантомски гласачи на домашни адреси на граѓаните, 47 непостоечки станови, 14 непостоечки влезови, 112 иселени граѓани, 7 гласачи запишани на адреси на државни институции и деловни простории.

Upload-News-2223-SDSM-ZNAME

Хаосот оди дотаму, што и на адресите на државните институции и училиштата се запишани лица со право на глас.

На пример, на адресата на Сектор за урбанизам и просторно планирање во Гази Баба запишани се вкупно 9 лица со право на глас, додека со адреса на Државниот пазарен инспекторат, запишано е едно лице со право на глас.

На друга адреса во Скопје, во Министерството за економија запишано е исто така едно лице.

На адресата на едно основно училиште во Скопје се запишани дури 13 лица.

gazibaba

Огромниот број на лица, запишани на иста адреса и фантомските гласачи го потврдуваат она што СДСМ го говори цело време, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори.

Хаосот во избирачкиот список, со којшто јавноста секојдневно се запознава, е резултат на криминална политика што години по ред го крадела правото на слободен глас на граѓаните.

Затоа, овој хаос со избирачкиот список треба да се расчисти. Секој што учествувал во изборна измама мора да одговара согласно законите.

СДСМ ги охрабрува граѓаните да продолжат да пријавуваат нерегуларности во избирачкиот список на директниот телефонски број: 02/ 3293-109. Потоа правниот тим на СДСМ ќе ги проследи овие пријави во соодветна законска форма до Државната изборна комисија.

Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија.

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми.

Слични содржини