СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат да ги блокираат реформите и Собранието

од desk2

Она што го прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски е обид да се блокираат реформите и работата на Собранието

Се она што го прават Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Собранието нема никаква врска со Зaконот за употребата на јазиците којшто претходно го прифатија. Единствено станува збор за обид за блокадата на Собранието, блокада на реформскиот процес и обид за блокада на европската перспектива на државата.

Продолжувајќи ги штетните политики на Никола Груевски, токму Христијан Мицкоски промовира поделби и блокади со што продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и против концептот едно општество за сите.

Фактот што ВМРО-ДПМНЕ претходно го прифати Законот за употреба на јазиците, како и фактот што речиси 33 илјади амандмани од поднесените околу 35 илјади се однесуваат само на казнените одредби, потврдува дека амандманите немаат врска со законот туку служат само за блокада на Собранието.

Ова е уште една нова епизода на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од лажниот патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски, исто како и Никола Груевски, воопшто не се грижат за потребите на граѓаните.

Слични содржини