Скандалозните лидери и нивните брутални навреди

од Vladimir Zorba

Десетици се случаи во кои тие не ги почитуваат функцијата  и добриот тон

detail_252b65d3e0633ee9f6adabcb24347e42

Филипински претседател Родриго Дутерте понекогаш навистина нема граници. Прочуен со својот остар јазик, тој  неодамна го навреди Обама нарекувајќи го “кучкин син”, но тоа не е сè. Поради скандалозните реплики го нарекоа “Трамп од Истокот”:Сепак има десетици  случаи во кои познати светски лидери не ја  почитуваат етикетата и добриот тон.

Потсетуваме дел од култниот реплики, кои останале во историјата.

Еве некои од нив:

Во 1999-та ексминисторот за одбрана на Сирија ген.  Мустафа  го нарече Јасер Арафат “син на 60 000 лесни жени”. Во говорот во ОН во 2006-та, покојниот претседател на Венецуела Уго Чавез пак опиша Џорџ Буш помладиот како “ѓавол”. Чавез  ја поздрави и администрацијата на Обама, и на истиот подиум, по три години подоцна изјави: “Веќе не мириса на сулфур”.

Во 2010-та поранешниот веќе лидер на Партијата за независност во Великобрианија  Најџел Фараж  вели дека белгискиот политичар Херман ван Ромпуј “има шарм на влажна крпа”.

Во 2003-та година експремиерот на Италија  Силвио Берлускони  пак го  навреди претседателот на европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека тој совршено се вклопува “за улогата на надзорник во нацистички концентрационен логор”.

Во 2007-ма британскиот министер за надворешни работи  , Борис Џонсон изрази неласкавост за Хилари Клинтон, откако ја спореди со “садистичка медицинска сестра во психијатрија”.

Во 2013-та  Уругвајскиот претседател  беше “изловен” како и  вика  на аргентинската колешка Кристина Киршнер “стара вештерка”.

Слични содржини