Умерено до значително облачно. Слаб снег врне во Лазарополе, а провејува снег во Маврово. Во северните делови на повисоките места дува северен ветер а кон југ почест е југоисточниот ветер.

доздливо

Променливо облачно, со повремен локален дожд, на планините и на некои повисоки места особено во северните делови од земјата со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

 Во Скопје: Променливо облачно, со слаб повремен дожд, а на повисоките делови од котлината и од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температурата ќе достигне до 8 степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:

64 Маврови Анови, 16 Лазарополе, 4 Крушево.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа  (во л/м2): 3 Гевгелија, Берово, 1 Д. Капија, Пожар (Конче).

 МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ-4 Лазарополе, Маврово, -3 Крушево, Берово, -2 Пожар, Ѓуриште, Прилеп, Д. Капија, Битола, -1 Пожаране, Тетово, Кавадарци, Тополчани, Кр. Паланка, 0 Штип, Скопје Пет., 1 Куманово, Охрид, Скопје, Претор, 2 Струмица, Дебар, 3 Дојран, 4 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

И утре ќе се задржи променливо облачно со услови за слаби врнежи претпладне на исток од земјата. Во сабота ќе биде претежно сончево, a во недела облачноста повторно ќе се зголеми и ќе има нови врнежи претежно од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни во јужните делови од земјата и ќе продолжат и преку ноќта кон понеделник.

 

Слични содржини